Корупцијата од Кремљ веќе не е добродојдена во Лондон

Влијателен одбор на британскиот парламент денеска ја повика владата Тереза Меј да направи повеќе во борбата против приливот на руски „валкани“ пари кои се „вртат“ низ Лондон.

Не постои оправдување за тоа што Велика Британија ги затвора очите додека клептократите на рускиот претседател Владимир Путин и прекршителите на човековите права со помош на парите испрани во Лондон ги подмитуваат нашите сојузници, ги ослабуваат нашите партнерства и ја поткопуваат довербата во нашите институции, се вели во извештајот на Комитетот за надворешни работи на долниот дом на британскиот парламент.

Конзервативниата премиерка Меј го заостри својот став кон Москва по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал пред два месеци, за што беше обвинета Русија, која тоа го негира.
Владата протера руски дипломати и најави дека ќе продолжи да ги гони „криминалците и корумпираната елита“. Пратениците за возврат го одобрија амандманот со кој ќе се овозможи воведување на санкции кои би требало да го „спречат“  кршењето на човековите права и прекршителите да не избегнат казни.

Но Комисијата смета дека Путин и неговите сојузници продолжиле по старо, криејќи го и перејќи го нелегалниот имот во Лондон.

Велика Британија мора  јасно да каже дека корупцијата  што доаѓаат од Кремљ повеќе не е добредојдена во нашите пазари и дека ќе реагираме, предупредуваат од парламентот.

Затоа Пратениците бараат порешителна акција, сакајќи  Лондон да го искористи својот статус на меѓународен финансиски центар за да се отстранат слабостите на постојните механизми и повика на посилна соработка со САД, земјите на  Г-7 земји и ЕУ.