Косана Мазнева е назначена за нов директор на ЈП „Комунална Хигиена“

Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје.

-Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Македонија и поранешен пратеник во два мандата, информираат од Град Скопје.

Високо образование има завршено на Природно-Математичкиот Факултет во Скопје.

Мазнева на оваа функција доаѓа откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши Зуди Енузи од позицијата в.д. директор на претпријатието. Инаку, братот на Енузи пукаше со пиштол за време на протестите против францускиот предлог што беше причина за разрешувањето.