Кошаркарите на „Панатинаикос“ ја одбранија титулата

Кошаркарите на „Панатинаикос“ ја освоија шампионската титулата во Грција по победата над градскиот ривал „Олимпијакос“ со 84:70 за вкупни 3:2 во финалната серија од доигрувањето.
„Панатинаикос“ ја одбрани титулата која е вкупно 36-та  во клупската историја.

Најефикасен кај шампионот беше Мајк Џејмс со 18 поени, Никос Папас додаде 13, а Крис Синглтон имаше 9 коша и 17 скока. Во редовите на „Олимпијакос“ најпрецизен беше Џамел Меклин со 16 поени, а Јоргос Принтезис уфрли 13 коша.

Кошаркарите на „Панатинаикос“ ја освоија титулата откако го изгубија првиот натпревар, а сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос им се закани дека нема да добијат плата ако не ја одбранат титулата.

Двете екипи изборија учество во Евролигата, но прашање е дали шампионот ќе игра или пак како што најави сопственикот на клубот .