Кошарка: Словенија доминантна против Италија

Кошаркарската репрезентација на Словенија славеше во саботата вечерта во Трст над селекцијата на Италија со 90:71 (27:23, 26:14, 24:11, 13:23) во подготвителниот меч пред љубљанскиот дуел со Хрватска во квалификациите на Светското првенство 2023, кој ќе се игра во четврток.

Словенците особено беа уверливи во втората и третата четвртина, така што пред последните десет минути во мечот во салата „Алијнац Домен“ имаа 29 поени предност 77:48.

За словенечката репрезентација првпат по освојувањето на титулата европски првак во 2017 година повторни заиграа Лука Дончич и Горан Драгич, двајцата НБА играчи, а покрај нив словенечкиот селектор Алескадер Секулич во почетната петорка ги стави и Зоран Драгич, Едо Мурич и Мајк Тобеј,

Дончич за 23 минути на паркетот постигна 12 коша, 7 скокови и 5 асистенции. Додека Горан Драгич одигра околу 12 минути во кои постигна 11 поени со 4 асистенции.

Италијанците ги предводеа Тома Волдетенсае со 14 коша и Акиле Полонара со 12 коша и 10 скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.