Кошаркарите на Куманово го претрпеа првиот пораз во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово го претрпеа првиот пораз од Академик Пловдив од 87-70 во првиот натпревар од втората фаза во БИБЛ регионалната лига .

Македонскиот претставник одигра лошо во најголемиот дел од натпреварот особено во првото полувреме, каде противникот беше доминантен во првото полувреме и во завршниот период кој го доби со (31-18) што секако беше клучно за поразот на Куманово во оваа пресметка.

Ѓекиќ со 16 поени беше најпрецизен кај кумановици. Рос со 11 и Марковски со 10 кошеви исто така беа двоцифрени кај домашните. Кај побендикот најефикасен беше Бачев со 24 поени.

Во следното коло Куманово пак е домаќин сега на Хапоел Холон од Израел.