Кошаркарската легенда Миленко Савовиќ почина од коронавирус

Легендарниот српски кошаркар и репрезентативец на поранешна Југославија, Миленко Савовиќ, почина денеска од коронавирус, на 61-годишна возраст, соопшти неговиот поранешен клуб Партизан

Савовиќ пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации од ковид-19.

Омилен меѓу навивачите на белградски Партизан под прекарот „Свети Сава“, Савовиќ со голем успех го носеше „црно – белиот“ дрес од 1977 до 1989 година. Со екипата на Партизан освои три шампионски титули во поранешна Југославија и исто толку трофеи во Купот „Радивоје Кораќ“, пред да замине во шпанската екипа Гранада, а кариерата ја заврши во 1991 година во Војводина.

Савовиќ ја извршува должноста спортски директор на Партизан во сезоната 1991/92 кога белградскиот кошаркарски клуб стана европски првак.

Беше и репрезентативец на поранешна СФРЈ, настапувајќи на Европското првенство во 1983 година во Франција.