Кошаркарската селекција на САД остана и без Кајл Лоури

Американската кошаркарска репрезентација остана без уште едно големо име, бидејќи од списикот на кандидатите за настап на Светското првенство во Кина отпадна и Кајл Лоури, плејмејкерот на актуелните шампиони во НБА лигата, Торонто Рапторс, кој не успеа навреме да закрепне од оепрацијата на палецот на левата рака.

„Се надевав дека ќе добијам дозовла и ќе бидам подготвен за турнирот, но не доби довола целосно да се вклучам во кошаркарските активности. Се надевав дека ќе можам да се ставам на располагање на мојата земја во ловот на златото во претстојниот турнир. Сакам да играм за американската репрезентација, но оваа акција морам да ја пропуштам и да навивам за тимот од дома“, напиша Кајл Лоури во пораката на Instagram.

Ден претходно од листата од можните кандидати за настап во Кина се повлече и Марвин Багли Трети од Сакраменто Кингс, па селекторот Грег Попович мора да отише само тројца за да дојде до конечниот состав од 12 играчи кои од 31-ви август до 15-ти септември ќе се обидат да ја освојат третата последователна титула светски шампион, што досега не ѝ успеа на нидедна селекција.

На листата на кадиндатите од кои Попович ќе избира останаа 15 имиња: Харисон Барнс (Сакраменто Кингс), Џејлен Броун (Бостон Селтикс), ДеАрон Фокс (Сакраменто Кингс), Џо Харис (Бруклин Нетс), Кајл Кузма (Лос Анџелес Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки Бакс), Крис Мидлтон (Милвоки Бакс), Донован Мичел (Јута Џез), Мејсон Пламли (Денвер Нагетс), Маркус Смарт (Бостон Селтикс), Џејсон Тејтам (Бостон Селтикс), Пи Џеј Такер (Хјустон Рокитс), Мајлс Тарнер (Индијана Пејсерс), Кемба Вокер (Бостон Селтикс) и Дерек Вајт (Сан Антониот Спарс).

Американскиот селектор конечната одлука може да ја одложува до два дена пред почетокот на првенството, а во прашање и е доведен и настапот на Маркус Самрт, кој исто така закрепнува од повреда.

По четиридневнито тренинг камп во Лас Вегас, американските репрезентатвици ќе добијат три дена одмор и повторни се собираат во вторникот во Лос Анџеелс, а ноќта кон саботата по средноевропско време во Анахајм ќе го играат првиот подготвителен натпревар во кој ќе сретнат со селекцијата на Шпанија.

Завршниот дел од подготовките американската репрезентација ќе го одработи во Австрија, од 19-ти до 24-ти август во Мебурн, и од 25-ти до 28-ми август во Сиднеј. Во тој период САД ќе одиграат и два подготвителни натпревара, со домашната Австралија на 22-ри и 24-ти август, и со селекцијата на Канада на 26-ти август.

На Светското првенство, САД се во групата со Турција, Чешка и Јапонија, а Американците првиот дуек ќе го одиграат на 1-ви септември против Чесите. Двете најдобри селекции ќе се пласираат во вториот круг од групната фаза и ќе се спојат со двете најдобри репрезентации од Групата Ф, во која се Грција, Нов Зеланд, Бразил и Црна Гора.