Кошаркарската селекција повторно поразена од Грузија

Македонската машка кошаркарска репрезентација повторно загуби од Грузија сега во Скопје со 79:65.

По четири кола Македонија има четири порази во групата со Шпанија, Грузија и Украина и мали шанси да продолжи во втората фаза во битката за место на Мундијалот во 2023 година.

Повторно македонските кошаркари немаа решение за натурализираниот Грузиец, Тед Мекфејден, кој постигна 24 поени, или вкупно 50 на двата натпревари.

Шансата за подвиг и победа беше пропуштена во финишот на првото полувреме кога Македонија дозволи од позитива 31:28, Грузија да направи серија од 12:0 и да замине со предност од 43:35 по првото полувреме.

Најдобар кај Македонија беше Ненад Димитријевиќ кој заврши со 25 поени, пред Војдан Стојановски кој реализира 13 поени, додека Бојан Крстевски постигна 11 поени. Кај Грузијците очекувано блескаа Мекфејден со 24 и Шермандини со 13 поени и осум скока