Кошаркарската селекција во август ќе игра два натпревра против Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација по нешто повеќе од еден месец ќе се врати на местото на најголемиот успех, четвртото место на ЕП 2011, откако на 8 август „Жалгирис арената“ во Каунас ќе го одиграат првиот од двата пријателски меча против Литванија.

За „жолто-црвените“ ова ќе биде тест пред стартот на претквалификациите за ЕП 2025, каде што паднавме по мизерниот учинок во квалификациите за СП 2023 (засега има соосност 0-5), додека за домаќинот проверка пред почетокот на втората фаза од обидот да се дојде до Мундобаскетот, но и пред Евробаскетот што следува на почетокот од септември.

Литванците ќе ни бидат домаќини и следниот ден, но овој пат во Алитус, а престојот во „земјата на кошарката“ ќе го искористиме и за контролен дуел со Финска.