Коснет: Косовската Влада веднаш да ја укине таксата на увозот од Србија и БиХ

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет побара од владата на Албин Курти без натамошно одлагање да ја укине таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од Амбасдата на САД се наведува дека во овие моменти, кога се шири епидемијата на смртоносниот вирус, клучна е регионалната и меѓународната соработка.

– Во времиња како ова, регионалната и меѓународната соработка е клучна. Време е за Косово и соседите да ги отстранат пречките за слободен проток на стоки. Повторно ја повикуваме Владата на Косово да го преземе првиот харабар чекор и да ги укине таксите уште сега, се вели во соопштението.