Косовци фатени со 100 килограми марихуана

Полицијата во Крагуевац запленила повеќе од 100 килограми марихуана и уапсила две лица од Косово, објавија српските медиуми.

Марихуаната била откриена во бункер од комби возило на Ибарската магистрала.