Косовците бараат смртна казна за силувачите на девојчето

Граѓаните кои во Косово протестираат во одбрана на девојчето на возраст од 11 години кое пет мажи го силувале со часови, бараат смртна казна за силувачите.

Илјадници граѓани на Приштина со денови протестираат поради настанот. Злосторството се случило минатата сабота кога пет лица силувале 11-годишно девојче од Приштина. Протестите ќе продолжат додека да се донесат ефективни мерки за казнување на родовото насилство.

Властите соопштија дека девојчето е силувано повеќе од година дена.