Косовец голтнал телефон – хирурзите шокирани

Косовските хирурзи од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Приштина се фрапирале кога од стомакот на еден 33-годишен Косовец извадиле телефон Нокиа.

Мажот телефонот го голтнал пред неколку дена.

Дигестивните хирурзите предводени од д-р Скендер Телаку успешно ја изведоа операција по што телефонот му е извлечен од абдоменот без резови и поголеми последици:

-33-годишниот маж голтнал мал телефон пред четири дена. Ендоскопски, без да го исечеме стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела. Без компликации, рече д-р Телаку за косовските медиуми, без да зборува за причината поради која Косовецот го направил овој налудничав чин.