Косовец ограбил обложувалница во скопски Чаир

Дваесет и осумгодишниот Р.Н. од Косово доби кривична под сомнение дека извршил кражба во спортската обложувалница “Спорт Лајф“ во Чаир.

Тој прво ја скинал  алката  од вратата  која со катанец била заклучена, а потоа и со физичка сила делувал на вратата  и  ја отворил. Од обложувалницата одзел два  телевизори  и еден мобилен телефон и избегал.

По извршената автоматска  обработка на отпечатоците, констатирано е дека истите потекнуваат од пријавениот.Тој  е приведен во полициска станица “Чаир“, каде го негирал делото.

Инаку, против Р.Н. во периодот од 2011-2014 година поднесени се три кривични пријави  од областа на имотните деликти  (тешки кражби).