Косовец прегазен во Чаир

Половина час пред полноќ кон четвртокот во скопската населба Чаир тешко настрадал пешак, државјанин на Косово, кога на него налетал „голф“ управуван од скопјанец.

Инциденеот во полицијата бил пријавен ноќеска во 23,35 часот, откако на крстосница од улиците .„Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“, автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишниот Н.А. од Скопје, удрило во пешак 55-годишниот С.С. од .Косово, информира МВР.

Во незгодата, според информациите на МВР, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.