6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Косово бележи нови 148 коронаинфекции

Нови 148 заболени, 56 излекувани и ниеден починат од коронавирусот се регистрирани во Косово во последните 24 часа

Вклучително овие податоци, според статистиките на Националниот институт за јавно здравство на Косово , од почетокот на епидемијата во земјата се евидентирани 16.754 носители на вирусот, од кои 14.617 се излекувани, додека 652 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 1.485.

Според здравствените власти, минатото деноноќие се тестирани 1.028 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот, со што за прв пат е забележана четирицифрена бројка на извршени тестови.

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај во петокот најави дека во наредниот период секојдневно по илјада и повеќе лица ќе бидат тестирани со методот RT-PCR. Вкупно досега, од почетокот на пандемијата, се извршени 79.189 тестирања.