Масакар во Косово: Дојде од Швајцарија и ги уби сопругата, синовите и – себе

Четирикратно убиство се случи синоќа во селото Пожарање во општина Витина во Косово.

Според првични сознанија Фетах Зука со огнено оружје ги убил сопругата Макфири Зука и неговите синови Хамди и Арбер и на крајот извршил самоубиство, јавува Аktuale .

 Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина, се вели во соопштението.

Медиумите наведуваат дека семејството дошло од Швајцарија за празниците, а се претпоставува дека човекот сам си пресудил во дворот на куќата откако ги убил сопругата и двете момчиња .

Медиуми јавуваат дека, наводно, брачниот пар подолго време имале нарушени односи.