Косово ќе купи 1,2 милиони дози од Фајзер вакцината

Косово ќе купи 1,2 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот, соопшти владата во Приштина, во петокот, објави Ројтерс.

Косово досега има добиено околу 180.000 вакцини, најмногу од програмата на Европската Унија.

– Косово обезбеди 1,2 милиони вакцини во договор со „Фајзер“. Определени сме да продолжиме со побрз процес на вакцинирање на 60 отсто од популацијата до крајот на 2021 година – изјави министерот за здравство Арбен Витиа на прес конференција.

Целта ќе биде да се вакцинираат 300.000-400.000 луѓе месечно.

Во земјата има 1,8 милиони жители. Регистрирани се 107.000 случаи со коронавирус досега и 2.242 починати.

Во последните недели има значителен пад на заболените, само 216 луѓе биле тестирани позитивни и петмина починале во последните седум дена, заклучно со петокот.

Владата ги олесни мерките со скратување на полицискиот час и дозволување на движење без маски на отворено.