Косово го ратификуваше договорот за демаркација

По многу компликации  косовскиот Парламент со 80 гласови „за“ го усвои договорот за демаркација на гранцата со Црна Гора.

Против гласаа единаесетте пратениците од отцепеното крило на Движењето Самоопределување, кое сега делува како независна група.

По апсењето на најмалку дванаесет пратеници од Самоопределување, на гласањето присуствуваше само еден пратеник од овој политички субјект.

На изгласувањето му претходеше дебата од девет часа вчера и четри неупешни обиди да се гласа денеска, со фрлање на солзавец од страна на пратенцте на Самоопределување.