Косово издаде меѓународна потерница за осомничен за убиството на Оливер Ивановиќ

Косовските власти распишаа меѓународна потерница по српскиот лудер Милан Радојчиќ порад наводна вмешаност во убиството на српскиот политичар во поранешната јужна српска покраина Оливер Иванович, објави во петокот министерството за правда во Приштина.

Оливер Ивановиќ, лидер на партијата на косовските Срби, Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), беше убиен на 16 јануари минатата 2018 година пред партиското седиште, недалеку од неговиот дом во северниот дел на Косовска Митровица.

Судот во Приштина издал „меѓународна потерница по главниот осомничен Милан Радојчиќ“, се наведува во соопштението на косовскиот министер за правда, Абелард Тахири.

За Радојчиќ се наведува дека е водач на „национачлистичка партија“ на косовските Срби „која ја поддржува Белград“, оти живе во Србија и „често може да се види на состаноци“ со српскиот претседател Александат Вучиќ.

Радојчиќ порано на ваквите обвинувања негираше секаква вмешаност со убиството на Ивановиќ. Минатата година во рамките на истрагата беа уаспени двајца полицајци Срби, но релевантни докази приштинските власти досега не објавија.

На почетокот од јули годинава, српскиот претседател Алескандар Вучиќ на прес-конференција рече дека Властите на Србија го знаат името на убиецот на умерениот српски политичар од Косово, Оливер Ивановиќ, но чекаат од Приштина и од меѓународните претставници да ги добијат потребните матријални доказ.

Тврдеше дека надлежните институции во Србија ја знаат целосната слика, „сѐ што се случило, со кои мотиви“, а убедени се и дека знаат кој го уби Ивановиќ. Белград од Приштина, како што посочи тогаш Вучиќ, ниту по неколку барања не ги добил наодите од ДНК анализата, чаурите од оружјето со кое е убиен Ивановиќ, како ниту снимките од околните надзорни камери.

Вучиќ тогаш порача дека Србија нема да ја прекине истрагата за убиството на Ивановиќ, сѐ додека убијците не бидат откриени и истовремено ги отфрли сомневањата дека во убиството е вмешан еден од политичките претставници на косовските Срби и потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ.