Косово не оди на самитот во Прага поради изјавите на претседателот Земан

Косово се откажало од учеството на регионалниот самит во Прага, соопштија во средата чешки функционери, наведувајќи дека тоа било образложено со изјавите на чешкиот претседател Милош Земан кој челниците на оваа поранешна српска покраина ги нарече „воени злосторници“/ќ

Делегациите на владите на земјите од западен Балкан ќе се сретнат во четвртокот во Прага со премиерите на земјите од ткн Вишеградска група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, држави кои имаат поделени ставови околу признавањето на едностраната прогласената во 2008 година независност на Косово

„Косово испрати дипломатска нота со која се извинува поради недоаѓањето, откако претходно го потврди учеството“, изјавила за AFP Јана Адамцова, портпаролка на чешката влада.

Медимите во вторникот известуваа дека чешкиот претседател Милош Земан во текот на посетата на Белград на српскиот претседател Алескандар Вучиќ ми кажа оти му се допаѓаат Србија и српскиот народ и додал дека не му се допаѓа Косвоо. Најавил, исто така, преиспитување на можноста Прага да го повлече признанието на Косово.

„Држава којашто ја предводат воени злосторници не би требало да иде во заедницата на демократските земји“, додал Земан кого западните земји го опшишуваат како „симпатизер на Русија и на Кина“. Тој во Белград појасни дека следниот месец на состанок на уставните власти во Прага ќе го постави прашањето дали е можно да се повлече признавањето на Косово.

„Тоа што можам да го кажам е дека за отприлика еден месец кога ќе се состанат највисоките органи од власта во земјата, ќе го поставам прашањето дали е можно тоа да се направи. Министерот за одбрана Лубомир Метнар веќе изјави дека беше грешка што ја признавме независноста на Косово, така да барем тој ќе биде на моја страна, а кој ќе биде на другата страна ќе видиме за еден месец“, изјави Земан.

Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек изјави во средата дека не е во интерес на Прага да ја менува одлуката од 2008 година за признавање на Косово како независна држава. А претседателката на чешкиот сенатЈарослава Кубера која изјави дека таквата изјава на претседателот за Чешка да го повлече признавањето на Косово е нереална.

Целта на состанокот во четвртокот во Прага е јакнење на врските меѓу четирите земји од Вишеградската група и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, кои сакат придружување на Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.