Градоначалниците и советниците од редовите на српската заедница ќе ги изгубат мандатите ако не положат заклетва по верификување на резултатите од локалните избори.
„Официјална Приштина изразила одлучен став дека ќе ги одземе мандатите на сите кои нема да положат заклетва, како што е предвидено според косовските закони“, пишува „Коха диторе“.
Тоа посебно важи за градоначалниците и советниците од Грашанската иницијатива Српска, од која поединци изјавиле дека се против дрѓавата Косово.
Новиот градоначалник на Северна Митровица, Крстимир Пантиќ, веднаш по изборите изјавил дека нема да ја признае независноста и законите на Косово. Генералниот секретар на Министерството за локална самоуправа на Косово, Бесник Османи, рекол дека тој кој нема да положи заклетва ќе го изгуби мандатот.
„Јас не верувам дека тој ќе го одбие тоа. Содржината на заклетвата е генерализирана. Колку што контактиравме ние со оние кои победија, никој не кажа дека нема да положи заклетва, туку прашаа кога треба да се стори тоа“, рекол Османи.
Според министерот за сите избрани градоначалници и советници на Косово ќе важат истите правила.