Косово во средата забележа девет смртни и 704 нови случаи на коронаинфекции

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани девет починати и 704 новозаболени од Covid-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 391 пациент

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 948 од вкупно 36.253 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 22.137 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.168 случаи.

Според последниот дневен пресек, извршени 1.651, а вкупно досега 135.969 тестирања со методот РТ-ПЦР.