Владата на Косово одлучи да воведе визи за граѓаните на Босна и Херцеговина, како реципрочни мерки бидејќи БиХ не ги признава патните исправи на граѓаните на Косово.
Приштинската телевизија „КТВ“ имала увид во одлуката која Владата на Косово ја донела на една од претходните седници, во која се наведува дека граѓаните на БиХ при влез на Косово треба да имаат влезни визи.
Граѓаните, кои според одлуката на Владата на Косово треба да имаат визи за Косово, не се должни да ги набават доколку имаат шенгенски визи во биометрискиот пасош.