Косово „жнее“ златни медали во Токио – втор за џудистите

Косово го освои и вториот златен медал на Летните олимписки игри во Токио и тоа повторно во џудо. По златниот медал на Дистрија Красничи во категоријата до 48 килограми, злато освои и Нора Џакова во категоријата до 57 килограми.

Таа во финалето славеше над Французинката Сара Леони Сисики откако поради казна француската џудистка беше дисквалификувана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.