Косовската џудистка Дистриа Красниќи освои злато во на ОИ во Токио

Косовската џудистка Дистриа Красниќи стана првиот спортист од Европа со златен медал на Олимписките игри во Токио, откако триумфираше попладнево во категоријата до 49 килограми.

Красниќи, која е актуелен европски првак, во олимпиското финале ја совлада јапонската претставничка Фуна Тонаки.

За Косово е второ олимписко одличје во историјата и втор златен медал. Првиот пред пет години, исто така, во џудо го освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми.