Косовската Влада забрани користење на службени возила за приватни цели

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука со која службените возила можат да се користат единствено за вршење службени задачи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека на полицијата на Косово ѝ е наложено да ги контролираат возачите на службените возила и да им бараат службено овластување за користење на возилото.

На денешната седница на Владата, како што е објавено, е формирана и работна група за сорботка со Германија за визна либерализација за Косово.