Косовски државјанин прегазен во Скопје

Дваесет и седум годишен косовски државјанин вчера бил прегазен во Скопје.

Косовски државјанин прегазен во Скопје
Косовски државјанин прегазен во Скопје

Како што информираат од МВР,  вчера околу 16,10 часот во Скопје на ул.„Лазо Трповски“ случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Ф.(55) удрил во пешак Ариан Р.(27) од Република Косово.

Пешакот во незгодата се здобил со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар за укажување на лекарска помош.

Вчера во 21,10 часот прегазениот косовски државјанин им подлегнал на повредите.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Трет случај на прегазен пешак во две недели

Инаку ова е трет ваков случај за само две недели. Во тешка сообраќајка во населбата Пинтија, на 7-ми август годинава загина 70-годишен маж. Во него удрило комбе во скопски регистерски таблички.

Несреќата се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во населба Пинтија, кога комбето удрило во пешакот Живоин К. кој со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар, но лекарите, за жал, не можеле да го спасат неговиот живот.

Еден ден пред тоа 40-годишна жена беше тешко повредена во сообраќајка во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената се здоби со тешки повреди на нозете и ‘рбетот и беше пренесена на скопските клиники каде што лекарите се обидуваа да го спасат нејзиниот живот.

Според тетовската полиција, собраќајната несреќа се случила на 6-ти август околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.

Жената која се бори за живот, била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.