Косовски министер: Работиме на обединување со Албанија на природен начин

Косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу рече дека обединувањето со Албанија се прави на природен начин.

Во изјава за Економија онлајн, Алиу рече дека „границата меѓу Косово и Албанија прави само вештачка поделба меѓу двете земји“.

„Работиме на обединување со Албанија на природен начин. Сега границите само вештачки не делат“, рече тој.

Алиу објасни дека договорот потпишан со Албанија за пругата Приштина-Драч ќе го финансираат двете влади.

„Договорот што го потпишавме за целосна изградба на пругата ќе биде прва физибилити студија, која ќе биде заеднички проект. Физибилити студијата ќе ја одреди точната траса на пругата“, вели лљиу.

Тој детално го објасни проектот, додавајќи дека се очекува тој да биде исклучително модерен и да има корист и за Косово и за Албанија.

„Ова што се случува во Албанија е многу важно и за Косово. Значи, овде се започнува проект за развој на пристаништето во Драч, кој ќе се трансформира во товарен транспорт. Тоа ќе биде модерно пристаниште на кое му треба железничка линија со европски коридори. Сегашната железница која ги поврзува „Драч со Тирана и Скадар ќе има можност да стане нова пруга од долината на Дрим преку езерото до Морина каде што стигнува до делот на Косово во Понашец. Ова ќе биде важно бидејќи пристаништето Драч преку Приштина создава пристап до европските патишта“, рече Алиу.

Според него, Приштина ќе биде првата станица од Драч до Европа.

„Ова ќе создаде можност за индустриски развој бидејќи е поврзување со железница. Бидејќи оваа пруга оди до Подгорица, врската ќе биде подобра преку Приштина бидејќи постоечката линија што ја има Бар со Белград е линија која има многу голема надморска височина и користење на таа пруга ќе биде потешко“, заклучи Алиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.