Косовските пратеници гласаа за создавање војска и покрај предупредувањата од Србија

Парламентот на поранешната јужна српска покраина Косово, во коешто досега воена сила претставуваа единиците на НАТО, гласаше во четвртокот за формирање војска од 5.000 припадници, и покрај приговорите на српската заедница и официјален Белград дека ваквиот потег не е легален и во согласност со меѓународната резолуција.

Трите закона, којашто владата ги предложи во првото читање во четвртокот, ги унапредуваат овластувањата на лесно вооружените Косовски безбедносни сили кон трансформација во вооружени сили. Владата во Приштина соопшти дека ваквиот потег ја заобиколува потребата од промена на косовскиот устав.

Предлог-законот за Министерството за одбрана беше одобрен со 101 глас, за Косовските безбедносни сили со 98, додека Предлог-законот за служба во Косовските безбедносни сили со 96 гласови од 120 пратеници ви парламентот, додека 11-те српски пратеници го бојкотираа гласањето. Одобрувањето во второто читање, коешто е закажано за неколку дена, е потребно за да се усвојат законите.

Предложените закони имаат цел да се создаде војска од 5.000 активни војници и 3.000 во резервниот состав. Косовските безбедност сили сега ги сочинуваат 2.500 припадници кои ги обучуваше НАТО за случаи на кризни ситуации, цивилна заштита и одржување на редот и мирот.

„Овие три закона имаат една задача, а тоа е да го заштитат територијалниот интегритет на Косово и да ги заштитат граѓаните од сите заедници на Косово“, изјави во парламентот премиерот Рамуш Харадинај пред гласањето.

Српските претставници, коишто ги поддржува Белград кој ја оспорува еднострано прогласената независност на албанските власти во Приштина во 2008 година, во минатото го блокираа секој вакво обид истакнувајќи дека за создавањето на вооружени сили неопходно е да се промени уставот. Последниот таков обид беше минатаа годија.

НАТО, исто така, ја предупреди Приштина да не влегува во процесот на создавање вооружени сили доколку не се донесени уставните промени коишто ќе ги поддржи и српската заедница, аико не е против менувањето на Косовските безбедносни сили.

„Секоја промена на структурата, овластувањата и мисијата на Косовските безбедносни сили, е одлука на косовските власти. Доколку овластувањата на тие сили се зголемат, Северноатлантскиот совет ќе треба да го преиспита новото на ангажманот на НАТО на Косово“, изјавил за Reuters неименуван функционер на НАТО.

Алијансата на Косово распореди 4.000 војници, кои таму се присутни по бомбардирањето на тогашна СР Југославија во 1999 година. САД и водечките членки на ЕУ го поддржаа едностраното прогласување на независност во 2008 година, но Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност при ОН, ја поддржуваат Србија во непризнавањето на косовската самостојност, што спречува Косово да стане членка на светската организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.