Косовскиот премиер Хоти позитивен на коронавирусот

Косовскиот премиер Авдула Хоти извести во неделата вечерта дека е позитивен на коронавирусот, пренесуваат медиумите во Приштина.

„Денеска се тестирав на Covid-19 и позитивен сум. Немам особени симптоми, освен многуи блага кашлица. Од вечерва сум во изолација следните две седмици“, објави Хоти на својот профил на Facebook.

Притоа најави дека во текот на изолацијата своите обврски ќе ги извршува од дома, пренсе приштинскиот весник Koha Ditore.

Хоти претходно во неделата бил во посета на неколку претпријатија во местото Драгаш на југозападот на Косово.

Според косовските здравствени власти, досега регистрирани се околу 9.000 случаи на зараза со коронавирусот, од кои 249 имале смртен исход.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.