Косовскиот претседател Тачи во Хаг на средба со обвинителот за воени злосторства

Косовскиот претседател Хашим Тачи допатуво во понеделникот во Хаг каде што ќе се сретне со обвинителот за воени злосторства кој против него во јуни поднесе обвинение за воени злосторства и злосторства против човечноста.

Пред да влезе во седиштето на Канцеларијата на специјалниот обвинител (SPO) во Хаг, основан за истражување на воени злосторства направени на територијата на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија во 1998 и 1999 година, во текот на војната на косовските Албанци против Србија, Тачи изјави дека се залага за „вистина, помирување и мир“.

Хашкиот обвинител смета дека Тачи е одговорен за убиствата на поголем број луѓе во времето коа тој бил еден од главните команданти на ткн Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK). Тачи претходно ги отфрли наводите за негова вмешаност во воени злосторства.

Покрај Тачи, Хашкото обвинителство го сомничи и Кадри Весели, сега лидер на косовската опозиција а кој бил шеф на разузнавањето на ОВК во време на војната, исто така, за убиства на повеќе припадници на српското, албанското, ромско и друго население, како и на политички противници.

Доколку обвинението во овој случај биде потврдено, на Тачи би му судел Спевијален судски совет и тоа по законите на Косово. Овој совет кој го сочинуваат меѓународни судии е преместен во Хаг, поради заштите на сведоци откако десетици мистериозно загинаа или исчезнаа, закани за судии и обид за новен поткуп, како и обидите на Приштина да го укине.