Косовскиот претседател Тачи на средба со Заев во Скопје

Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи доаѓа во работна посета на Република Македонија, соопшти Владата.

Во рамките на посетата, Тачи ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев и косовскиот претседател Тачи ќе остварат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на владите на Македонија и Косово.