Балкан

Истражувал терористички врски на ветераните на ОВК Косовскиот специјален обвинител дал оставка поради закани

Косовскиот специјален обвинител дал оставка поради закани

Специјалниот обвинител на Косово, Елез Блакај поднесе оставка поради закани, потврди денеска Државниот обвинител на Косово, Александар Лумези за приштинските медиуми.

Лумези изјави дека Блакај се соочувал со закани, наводно поради истрагата за имамот од приштинската џамија, Шефкет Красниќи, а во последно време и поради истрагата околу манипулација на листите на ветераните на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК), пишува “Газетаекспрес“.

Тој исто така рече дека Блакај бил под полициска заштита во случаи кога пријавувал закани.

Порталот „Инсајдери“ објави дека во текот на истрагата за имамот закани биле упатени кон дацата на Блакај,кои биле под полициска заштита, но вели дека тој не барал лична заштита.

Обвинителот Блакај беше на одмор кога го информираше главниот специјален обвинител дека ја напушта позицијата, без какво било објаснување на оваа одлука, рече Лумези.

Инаку, Блакај работел на случај на манипулација со списоци на ОВК ветерани, како и на неколку случаи на Албанци кои се бореле против српската војска и полиција за време на војната во Косово во периодот 1998-1999 година, а кои се под сомнение дека имаат терористички врски.