Косовското МНР го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК во Македонија

Косовското Министерство за надворешни работи го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК Томор Морина во Северна Македонија, што се случи по српската потерница за апсење.

Ова го изјави Џетлир Зиберај од Министерството за надворешни работи на Косово преку својот Фејсбук нагласувајќи дека ова е уште еден пример на политичка злоупотреба од страна на Србија, известува Клан Косово.

“Го осудуваме апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, од полицијата на Северна Македонија, според дојавата на Интерпол, спонзоризирана од српската држава. Ова е уште еднаш пример за политичка злоупотреба која Србија ја прави со системот на потерници. Ние ќе го покренеме прашањето до Европската унија и ќе бараме итни мерки за спречување на ваквите случаи на злоупотреба од Србија, во спротивно ќе бидат преземени контрамерки од страна на Косово.
Ние сме во контакт со властите во Скопје и веруваме дека случајот наскоро ќе се реши во духот на тесната соработка што ја имаме со Северна Македонија. Благодарност до сите авторитети во Северна Македонија, особено за тамошното албанското раководство.
“Оваа дефиниција е прифатена поради фактот што српската држава ги има извршено најтешките злосторства против човештвото (по Втората светска војна) во Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина и се уште не се извини за извршените злосторства. Српската држава и понатаму продолжува да го попречува помирувањето во регионот “.