Косовското небо се отвора за цивилни летови

Петнаесет години по војната во Косово, НАТО соопшти, дека го отвора косовското небо за цивилни летови, јавува АФП.

„Отворањето на воздушниот простор ќе доведе до покуси маршути на летовите во регионот, со што ќе се намали нивната цена и ќе има благопријатно влијание врз животната средина“, се вели во изјавата на НАТО силите во Косово, КФОР.

По крајот на војната во Косово во текот на 1998-1999 година, воздушниот простор над Косово беше затворен за цивилни летови и остана под контрола на НАТО, на авионите им беше дозволено само да слетуваат и полетуваат од аеродромот во Приштина. Тоа често ги принудуваше комерцијалните авиолиниии чии авиони минуваат низ регионот да бараат маршути кои го заобиколуваат Косово.

„Отворањето на воздушниот простор над Косово е пример за регионална соработка и значителен чекор во полза на Западен Балкан“, вели генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен. Според оценките на НАТО, овој потег засега околу 180.000 летови годишно. Претходно Унгарија се согласи да одговора за контролата на воздушниот сообраќај над Косово.