(ВИДЕО) Коста Петров призна кривично дело, се рекламирал со државни пари на портали и медиуми

Дирекорот на Фонодот за иновации Коста Петров призна дека направил кривично дело со рекламирање во медиумите и покрај владината забрана во вечерашново гостување на „24 анализа“ на ТВ 24 на прашањата од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Дали корисити медиумска промоција за Фондот за иновации преку медиумите и интернет порталите?

-За пет години Фонодот за иновации има банери/ реклами во пет портали. Тие се платени со пари од Фондот за иновации, рече Петров.

За забраната, односно мораториумот за рекламирање на Владата и институциите, во која се вклучено и проталите, донесена на 22 август 2017 година на седница на Владата, Коста Петров беше прашан дали е свесен дека направил кривично дело.

-Во ред, ако сум направил кривично дело, истакна Петров.

Аросвки го праша директорот на Фондот за иновации Коста Петров дали му е забранет влез во Дубаи поради одредени недоследности во неговото работење.

-Но, претходно да ги објасните сите оние недоследности што кренаа прашина во јавноста околу оној фамозен тендер. Бојан Ивановиќ кој е поддржувач и активен чинител на политиките на СДСМ има земено неколку тендери во низа од Фондот од 2018 до 2019 година.

Последниот тендер за кој треба да се дискутира и воедно директорот треба да одговори е тендерот за маркетинг услуги и комуникациски услуги којшто беше потпишан и е во вредност од 11 милиони и осумстотини денари. Истиот тој Бојан Ивановиќ има земено три тендери во низа од Фондот во 2018 година во вредност од над 4 милиони денари.

Зошто директорот не го прекинал спорниот договор. Исто така, во овие моменти кога има корона криза сулудо е да давате 200 илјади евра за организација на јавни настани – изјави Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.