Коста призна дека се сели на Стемфорд Бриџ

Најголемата ѕведа во дресот на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Диего Коста, најпосле собра храброст јавно да признае дека во новата клупка сезона ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

„Дали ќе се преселам во редовите на Челзи? Најверојатно во новата сезона ќе играм на “Стемфорд Бриџ”, изјави Коста веднаш по пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Ел Салвадор.

Раководните лица на Атлетико (М) и Челзи пред неколку дена постигнаа договор околу побараното обештетување кое нема да биде помало од 43 мил. евра, а новопечениот репрезентативец на Шпанија на “Стемфорд Бриџ” ќе има неделна плата од 185 илјади евра што е трипати поголема од таа што ја заработува на “Винсенте Калдерон”.