Костадинов лаже и говори во прашална форма за Николоски да не може да тужи

116

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов стана главен извор и ширач на лажни вести во Република Македонија.

Имено, тој денеска на прес-конференција обвини дека постои наводен огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан додека шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Она што е интересно и што може да се забележи е фактот што портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов цело време говори во прашална форма, со што и јасно е дека станува збор за манупулирање на македонсата јавност, а со цел да се покрие судсиот процес помеѓу Заев и Николоски, односно каде Заев треба да докаже дека не земал пари од рекетот и дека не стои позади рекетираните пари. Останува отворено прашањето дали токму затоа пресот на Костадинов е во прашална форма и за да не може Николоски да тужи.

Инаку, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите ги отфрли обвинувањата на Костадниов, и ги оцени како клевета и невистина, како и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оцени работата на мисијата во Азербеџан.

СДСМ падна многу ниско и мора да измислуваат работи, бидејќи не знаат поинаку, а клеветат како нарачка од причина што Заев нема одговори на моите прашања, поврзани со рочиштето, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со обвинувањето од портпаролот на СДСМ дека наводно примил мито како дел од мисијата во Азербејџан.

Николоски потенцира дека овие обвинување на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа.

Интервјуто на Гералд Кнаус можете да го прочитате ТУКА, а истото ќе заклучте дека портпаролот на СДСМ Коста Костадинов свесно лаже, во исто време и во прашална форма за да не биде тужен од страна на Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.