Костадинов: Обезбедено е ново амбулантно возило за Струмица, за два месеца ќе пристигне

112

По повлекувањето на статусот за донации за амбулантно возило во Струмица, со Фејсбук статус се јави пратеникот Костадин Костадинов. Тој пишува дека е обезбедено возило за струица и ќе пристигне до крајот на годинава.

„Го разбирам притисокот кај здравствените работници.Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница“, пишува Костадинов на Фејсбук.

Според Костадинов, првите месеци од 2021 година се очекува и донација од Кина со 60 амбуланти возила.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.