Костадинов стана извор на лажни вести, извештајот на ЕУ со највисоки оценки на мониторинг мисијата во Азербејџан

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов стана главен извор и ширач на лажни вести во Република Македонија. Имено, тој денеска обвини дека постои наводен огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан додека шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ваквото тврдење на Костадинов го демантира самиот извештајот на Европаската унија, која мониторинг мисијата во Азербејџан ја оценува со највисоки оценки.

-На 26 септември во Азербејџан се одржа референдум за нацрт-амандманите на уставот. Според првичните наоди на парламентарното собрание на Советот на Европа, мнозинството граѓани гласаа во прилог на сите 29 прашања поставени на референдум, во мирна атмосфера. Но, беа забележани некои недостатоци во процесот, особено во однос на претходната дебата во Парламентот, додека некои активисти беа исто така приведени за време на кампањата.

Имајќи го во предвид ова, како и загриженоста што ја изнесе Венецијанската комисија на Советот на Европа во минатонеделното прелиминарно мислење за уставните измени, Европската унија го поканува Азербејџан да ги земе во предвид наодите на Венецијанската комисија за време на процесот на имплементација на нацрт-уставните амандмани. Европската унија ќе остане ангажирана во дијалог со Азербејџан во однос на овие и други клучни прашања, се вели во извештјот на ЕУ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите ги отфрли обвинувањата на Костадниов, и ги оцени како клевета и невистина, како и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оцени работата на мисијата во Азербеџан.

СДСМ падна многу ниско и мора да измислуваат работи, бидејќи не знаат поинаку, а клеветат како нарачка од причина што Заев нема одговори на моите прашања, поврзани со рочиштето, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со обвинувањето од портпаролот на СДСМ дека наводно примил мито како дел од мисијата во Азербејџан.

Николоски потенцира дека овие обвинување на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа.

– Она што можам да го кажам е дека јас бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, највисока функција која што било кој пратеник од Македонија било кога ја имал, сум бил член на бројни мониторинг мисии во соседството како Бугарија, БиХ, Азербејџан и бев шеф на оценска мисија, за референдум од 2016 година, мисија која имаше тешка задача таму, но извештајот го усвои целокупното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, и истиот беше цитиран од страна на ЕУ и ЕК што говори за кредибилитетот. Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на совет на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, истакна Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.