Костадиновски: Откупувачите ќе го почитуваат договорот, произведениот ориз да се предаде

ориз

Костадиновски по средбата изјави дека сите нејаснотии се во детали објаснети и ги повика оризопроизводителите од денес да го предадат оризот во откупните претпријатија, бидејќи откупувачите доследно ќе се држат до договореното.

Оризопроизводителите ќе може да предаваат оризова арпа и бел ориз по цена од 18 до 20 денари за поситните сорти и за покрупите сорти на белиот ориз цените ќе се движат од 20 до 22 денари во зависност од квалитетот, истакна Костадиновски.

Во зависност од влагата која е присутна во оризовата арпа ќе има толеранција од страна на откупувачите, да оние кои продаваат оризова арпа до 16 проценти влага нема за тоа да имаат одбитоци. Што се однесува за процентот на влага од 17 до 20 проценти, одбитокот ќе биде според воспоствената пракса од 3 проценти на предадената количина.

Будно ќе ја следиме состојбата бидејќи ова е договор за кој откупувачите велат дека доследно ќе го почитуваат и сакаат да ги повикаат сите оризопроизводите да излезат и да го предадат оризот со што може да добијат 20 проценти авансно плаќање во однос на предадениот ориз и остатокот од средствата да го добијат согласно законот, во рок од три месеци, нагласи Костадиновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.