Костадиновски: Проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи за земјоделците решија многу проблеми и донесоа подобар живот за нив

На панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ го унапредуваше земјоделието, СДСМ го уназадува“ во средата Ванчо Костадиновски говореше за помошта која земјоделците ја добивале и која според него решила многу проблеми кои претходно ги имале земјоделците.

„Ние како владини претставници реализиравме исплата на субвенции по завршувањето на законот, официјално кога ќе заврши откупот, по добивање на податоците од откупните пунктови, со цел да видиме кој треба да добие субвенција од едно евро од произведен килограм“, рече меѓу другото Костадиновски и посочи дека тоа е еден од клучните проекти што ги вовеле.

Костадиноски говореше за голем број проекти кои придонесоа за подобар живот на земјоделците. Тој говореше и за програмата од 2017 до 2020 каде се предвидуваше поголеми инвестиции да се дадат во руралниот развој.

„Водостопанската инфраструктура беше еден од поглемите и покрупни проекти кои беа во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Се предвидува инвестиции во износ од 145 милиони евра за 4 години, на дел од нив како што се брана на Оризарска река со вкупна вредност од околу 40 милиони евра. Го потпишавме за изградба на брана Конско во Гевгелија, крупен ивестициски проект кој што е вреден 40 милиони евра, проект од исклучително значење за јужниот дел на Македонија. Во западна Македонија го склучивме договорот за системот за наводнување Равен Речица, кој што овозможува во полошкиот регион да се наводнуваат површини од преку 3.000 хектари и каде благодет од тој проект ќе видат земјоделците од тој регион. Ова се покрупни проекти со средства којшто беа предвидени во претходната програма“, појасни Костадиноски.

Напомена дека субвенциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги воведе, како и проектите кои биле направени за наводнување и останати потреби кои се важни за земјоделието, во голема им помогнало на земјоделците. Рече дека целта на проектите е да се крене земјоделството на едно евроско ниво, со што ќе се реализира главната цел на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е благодет за земјоделците во Македонија.