Човекот кој на филмските премиери и конвенциите на обожавателите се појавуваше како Дарт Ведер од филмската сага „Ѕвездените војни“ ќе го понуди својот костим на наддавање на сувенири од филмските класици во мај, објави аукциската куќа Bonhams и проценува дека би можел да биде продаден за два милиона долари.
Костимот, се состои од 17 делови и ги вклучува црната маска на филмскиот негативец, чизми и неколку наметки, може да биде продаден на наддавање по цена меѓу еден и два милиона долари, проценуваат организаторите на аукцијата.
Го продава Брус „Кермит“ Елер, кој благодарејќи на својот длабок глас настапуваше како Дарт Ведер на филмските премиери, потпишување на книгите, конвенциите на обожавателите и доделувањето на Оскарите во 1978 година.
Костимот кој оди на аукција е еден од неколкуте костими на Дарт Ведер, а го дизајнирал костимографот на „Ѕвездените војни“, Џон Моло во 1979 година во Лондон за филмот „Империтјата го возвраќа ударот“, наведуваат од аукциската куќа Bonhams.