Костов: Во случајот со Мијалков на дело видовме системска корупција и организиран криминал

На дело видовме системска корупција и организиран криминал. Кај нас се виде дека нема правда, ниту правна држава во овој момент. Видовме измајмунување од правосудниот систем, полицискиот и безбедносен и политички систем од страна на еден човек изјави политичкиот аналитичар Сотир Костов за „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се дебатираше за настаните од изминативе денови поврзани со исчезнувањето и појавувањето на Сашо Мијалков.

Костов, како поранешен обвинител, потенцираше дека главната одговорност е кај преиерот Зоран Заев и кај поранешниот шеф на тајната полииција Мијалков кои се главните протагонисти, и дека целото ова сценарио ја покажа неспособноста на системот нешто што го потврди и самиот премиер.

„Заев прво прогласи неспособност на сите органи на системот, се закани, тој ја координирал акцијата и преземале мерки. Која акција, каква акција премиер, акцијата треба полицијата да ја води. Кој му го дал тоа право? Ова не е случај под негова надлежност. Зошто Заев држеше прес конференција, требаше да ја држи судот, обвинителите, полицијата“, објасни Костов.

Додаде дека тоа што го соопшти шефицата на обвинителството за организиран криминал кое го води случајот „Таргет-Тврдина“ во кој е обвинет Мијалков, Вилма Русковска,  преттавуваат „приказни за мали деца“, бидејќи ,ако што посочи Костов, притворот требало да биде побаран уште во петокот. Според него, тврдењата дека во саботата се добиле наводни информации за бегство, претставувало само обид да се „добие во време“.

„Русковска направи кардинална грешка. Обвинител нема да се обрати на полицијата, туку прво кај судот, ќе ги викне обвинителите и со предметот ќе отидат без никој да знае ќе побараат притвор. Основно правило е да ги викне обвинителите кои го водат предметот, и ако беше храбар обвинител ќе отидеше во суд. Таа се обрати во полиција и тука почна филмот“, истакна Костов.