Костов: Во списокот нема спорни, туку проблематизирани гласачи само од Заев

Веселата математика на Заев тврди дека списокот за изборите ќе има околу 1.500.000 гласачи. Нејасно е како тоа ќе се случи ако се знае дека списокот теоретски може да се намали со максимум 39.502 гласачи, под претпоставка дека сите што се посочени како сомнителни да бидат избришани, пишува Телеграф.мк.

Во Избирачкиот список нема никакви спорни или фантомски гласачи. Овие гласачи се проблематизирани единствено од Зоран Заев и од СДСМ, смета Сотир Костов, политички аналитичар. Според него, се покажа дека најголем дел од овие гласачи се Албанци и дека најмалку станува збор за гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во списокот нема спорни, туку проблематизирани гласачи само од страна на Зоран Заев. Тој претпоставува дека најголем дел од овие гласачи живеат во странство и дека некој друг гласа во нивно име. Но тоа се само претпоставки и дека сето тоа треба да се докаже. Исто така, се покажа во најголем број станува збор за Албанци, а не за гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, објаснува Костов за Телеграф.мк.

Според него, со проверката на Избирачкиот список по којзнае кој пат паднаа лагите во вода на СДСМ за некакви фантомски гласачи. Опозицијата најнапред тврдеше дека такви гласачи има околу 300.000, па потоа бројката да се зголеми на дури половина милион. На крај партиите се договорија дека треба да се проверат помалку од 40.000 гласачи.

Она што зачудува е фактот што на списокот што го објави Државната изборна комисија најголем дел се Албанци, што во никој случај нема да влијае на крајниот резултат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Згора на тоа, станува збор за регуларни гласачи кои во никој случај нема да го изгубат избирачкото право бидејќи двете партии на Албанците веќе се растрчани на терен да ги потсетат гласачите кои се најдоа на списокот дека треба да се регистрираат.

Дека во СДСМ постои разочараност што не успеаја да ја продадат во јавноста приказната за наводни фантомски гласачи и дека лагите излегоа на виделина, покажа и изјавата на лидерот Заев од пред неколку дена.

Веселата математика на Заев тврди дека списокот за изборите ќе има околу 1.500.000 гласачи. Нејасно е како тоа ќе се случи ако се знае дека списокот теоретски може да се намали со максимум 39.502 гласачи, под претпоставка дека сите што се посочени како сомнителни да бидат избришани од списокот.

До еден милион и петстотини илјади гласачи не може да се стигне дури и ако сите 170.000 гласачи, кои се ставени на посебен извод, не излезат на гласање. Се работи за гласачи кои во најголем дел живеат во странство, но тие во никој случај не го губат избирачкото право.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.