Костовски: 3,5 милиони денари финансиска помош за спортските клубови од Општина Бутел

ДЕНЕСКА ДОДЕЛИВМЕ 3️⃣.5️⃣0️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ.

Низ една максимално транспаретна процедура со објавен јавен повик врз база на правилник, денес доделивме 3.500.000 денари на спортските клубови од Општина Бутел.

Искрено се надевам дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, за многу скоро ќе биде и во спортска инфраструктура. Јас како градоначалник и општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина !

Честитки за сите спортски клубови и им посакувам успешна работа!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општината Дарко Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.