Костовски: Белата мафија длабоко навлезе во македонското здравство

СДС создава хаос во македонското здравство. СДС и министерот Таравари го инфицираа здравството со вирусот на криминал и непотизам од кој одамна боледуваат. Основен критериум на Заев при селекција на раководните кадри е тие да имаат мерак на мито по урнек на неговото „едно евро за вицето“. СДС бара луѓе кои се осудувани за поткуп, пријавувани или во најмала рака во јавноста важат за митаџии. Ваквите кадри им се фаворити за директори на клиники. Доколку се семејно или бизнис поврзани со веледрогериите, тогаш нема промашување, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС без срам си ги постави Нетковски, Барбов и Докиќ за први лица на скопските клиники, а беа гонети за класичен коруптивен криминал. Со поставувањето на вакви лица на реномирани здравствени установи СДС праќа јасна порака до граѓаните на Република Македонија, дека доколку во иднина сакаат да добијат некоја услуга за истата ќе мораат да платат кај некој „Вице“ од установата во која бараат медицински третман. Таравари и СДС ги партизираат медицинските установи и ги ставаат на милост и немилост на сопствениците на веледрогериите во јавноста  добро познати под името – бела мафија. Тоа е хипотека од времето на претходното владеење на СДС, кога до лекар се стигнуваше со посебни врски или со подмитување на медицинскиот персонал. СДС и Таравари со назначувањето на најблиски роднини на сопствениците веледрогериите Др. Пановски, Елбијор и АДРИА МЕД создава ситуација на нелојална конкуренција на пазарот со веледрогерии, подвлече Костовски.

Белата мафија, додаде тој, е длабоко навлезена во македонското здравство, македонските граѓани од свои пари ќе ги полнат сметките на семејните фирми на Ирина Пановска Ставридис, Елена и Христијан Костови и Софија Пејкова.

-СДС и Таравари треба да и дадат објаснување на македонската  јавност која е целта за назначување на осудени криминалци и роднини на тајкуни за директори на здравствените установи. Постапките на Таравари и СДС за македонското здравство се вистински масакар и ќе предизвикаат последици по квалитетот на здравствените услуги во иднина. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните, подвлече Костовски.