До крај на август Бутел ќе добие 20 нови улици и два спортски комплекси, почнува изградба на градинка и три нови паркови, вели Костовски

Најнапред да ги поздравам сите граѓани кои што дојдоа денес, а и на вас медиумите и секако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, човекот којшто ни дава мотив да работиме како што работиме до сега. Тоа што сакам да го истакнам е дека градежното лето во општина Бутел коешто беше најавено пред отприлика еден месец навистина е во квалитетна динамика. Пред неколку дена започнавме и со асфалтирање на најавени 20 улици, во текот на ова лето. До крајот на август ќе бидат асфалтирани 20 улици на територија на цела општина Бутел. Во моментов се наоѓаме на една од нив. Тоа е улица „20“ во населено место Радишани и во моментов се работат три улици, квалитетна динамика има и ќе бидат завршени до крајот на ова лето, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа можеби е најдинамичната работа по однос на улици за таков период откако постои Општина Бутел. Она што сакам во овој момент да го најавам големиот капитален објект кој ќе почне да се гради на почетокот на следниот месец август, а тоа е новата градинка во Општина Бутел кој ќе биде распространета на 800 метри квадратни и ќе има можност да прими 150 деца. Тоа е во населеното место Бутел 1, поточно до училиштето „Св. Климент Охридски“. Практично градинката ќе го носи и тоа име, градинка „Св. Климент Охридски“. Она што исто така сакам истакнам е дека во населеното место Скопје Север за многу кусо време започнуваме со изградба на нови 14 пристапни патеки до зградите во Скопје Север, Љуботенски пат, нова пешачка патека во должина од 1 километар и ширина 2,5 метри. Она што сакам да истакнам е и дека во моментов е започна да се гради нов спортски комплекс во Љубанци, се поставува нова вештачка трева, нова ограда на игралиштето, нова димензија ќе добие баскет игралиштето, ќе добиеме целосно нов спортски комплекс. Но до крајот на август уште два нови спортски комплекси. Тоа е едниот веднаш позади мене, Олимпија кој ќе добие вештачка трева, нова ограда, ново кошаркарско игралиште и целосно уредување на овој простор и третиот во Бутел 1, на крајот на улица Марко крале, таму ќе добиеме нови игралишта за баскет за фудбал и ново уредување, парковско и хортикултурно, вели Костовски.

Тој додава дека ќе добиеме нови спортски игралишта само поединечни за фудбал и кошарка во Бутел 2, во Визбегово и во Скопје Север. Давам збор до крај на месец август. Започнуваме за скоро, три нови паркови на улица „8“ тоа е помеѓу Љуботенски пат и Радишани, еден парк каде што се наоѓаме во моментов место викано Олимпија и еден во Бутел 1 веднаш до училиштето „Св. Климент Охридски“.

-Навистина си зададовме многу работа но убеден сум дека ќе ја завршиме со таа динамика која ја тераме. Има уште десетици други проекти како поставување на нова ограда во училиште „Св. Климент Охридски“, реализирано две нови библиотеки и десетици други проекти кои ќе бидат во текот на ова градежно лето. Не е заборавено ниедно населено место и сакам да кажам дека не е само мое задоволството туку на сите граѓани, забележуваат дека Бутел се менува, тоа се гледа со видливо око и таа поддршка се преточува во мој мотив за да можам задно со мојот тим да работам искрено чесно и да го реализирам она што беше ветено во предизборната кампања. Она што сакам да истакнам е дека се реализирани 20-тина проекти надвор од она што е ветено, и верувајте дека ќе се движиме до крај и убеден сум дека над 90% од програмата ќе биде реализирана. Тоа го кажав и пред избори, тоа го кажувам и сега кога ја гледам динамиката. Само би сакал да замолам, јас сум свесен дека граѓаните ги кренаа освоите очекувања што е многу добро бидејќи гледаат дека се работи, само да замолам за трпение, секаде ќе стигнеме, се што ветивме ќе направиме и ќе направиме многу повеќе од тоа бидејќи се работи искрено чесно и со многу труд, рече Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.