Костовски ги повика надлежните институции да отворат истрага за стечајот на „Еуростандард банка“

Сопственикот на пропадната „Еуростандард банка“, Трифун Костовски упати јавен повик до претседателот на Собранието Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциска комисија и Министерството за Внатрешни работи да се вклучат во истрагата околу стејачот.

„Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас„, се вели во јавниот повик од Костовски.